1616 Симона Халеп – Аманда Анисимова (Вимблдон, 14 часот)
Само пред две недели, Симона Халеп ја декласира Аманда Анисимова со 6:2, 6:1 на турнирот во Бад Хомбург во Германија, но Романката сè уште го памети поразот од 2:6, 4:6 на Ролан Гарос во 2019 година, во ситуација кога ја бранеше титулата во Париз.
Халеп e 10 години повозрасна и многу потрофејна тенисерка од Анисимова, која е најавена како идна гренслем шампионка.
Американката има јуниорска титула од Отвореното првенство на САД и едно финале на Ролан Гарос, па од неа се очекуваат пехари и на сениорските гренслем-турнири, но сега Халеп е голема фаворитка.
Романката е многу поискусна во вакви мечеви, има титули и на Вимблдон и на Ролан Гарос и наш тип е дека ќе победи и денеска за ново полуфинале во Лондон.
Предлог тип: 1 (1.50) Супер тип на Sport Life
7178 Тејлор Фриц – Рафаел Надал (Вимблдон, 16 часот)
Тејлор Фриц е незгоден противник за Рафаел Надал и Американецот има игра за брзи подлоги.
Го победи Надал во финалето на Индијан Велс, кој е популарно наречен петтиот гренслем и тоа не е одамна, туку во март годинава со 2:0 во сетови, во меч за титулата.
Фриц и сега игра одлично, сè уште нема загубено сет на Вимблдон и во просек има скоро 15 аса по меч.
Секако дека Надал е фаворит, тој е рекордерот со 22 гренслем-титули, две од нив се на Вимблдон, но очекуваме голем отпор од Фриц и меч со најмалку 39 гема.
Предлог тип: >38.5 гема (1.85)
6737 Тобол – Ференцварош (Лига на шампиони, 16 часот)
Ференцварош во сите сегменти е подобар клуб и тим од Тобол и е фаворит за пласман во следното коло во квалификациите за настап во Лигата на шампионите.
Популарниот Фради е клуб со огромна база на навивачи, успеси, рекордер во Унгарија со 33 титули и огромен рејтинг во светот на фудбалот.
Тобол има само две титули во Казахстан, земја во која фудбалот доживува бум во последните десетина години.
На домаќините ова ќе им биде само третиот меч во Лигата на шампионите, Ференцварош има многу повеќе и едно финале во Купот на победници на куповите и нема да загуби од Тобол.
Предлог тип: Х2&ГГ (2.17)
6738 Бодо/Глимт – Клаксвик (Лига на шампиони, 18 часот)
Бодо/Глимт е освежување во Норвешка, но и во Европа, а особено се памети ланската победа од 6:1 против Рома во Конференциската лига на УЕФА, секако и елиминацијата на Селтик со вкупен резултат од 5:1 и настапот во четвртфиналето, каде што Римската волчица им се реваншира со елиминација.
Норвежаните се апсолутни фаворити против симпатичен тим од Фарските Острови, кој има долга фудбалска традиција од 117 години, 17 титули и голем подвиг во 2020 година, кога стигна до плејоф-фазата за учество во Лигата на Европа, но го елиминира ирскиот Дандалк.
Фудбалот на Фарските Острови е во подем, но Бодо е пресериозен тим за Клаксвик и типуваме дека ќе го победи убедливо и дека ќе му даде најмалку два гола во првото полувреме.
Предлог тип: Т1 2+ прво полувреме (2.60)
6739 Хелсинки – РФС (Лига на шампиони, 18 часот)
Популарниот ХЈК е апсолутен фудбалски симбол на Финска, најтрофеен клуб во земјата со 30 титули и прв што играл во фаза по групи во Лигата на шампионите.
Сино-белите од Хелсинки имаат играно и во фазата по групи во Лигата на Европа, а сега целта е пак да настапат во Лигата на шампионите.
За Рига фудбал клуб, или РФС, ова ќе биде само четврто учество во еврокуповите и само еднаш, и тоа лани, го има минато првото квалификациско коло.
Хелсинки е многу пореномиран клуб од летонскиот претставник и е фаворит, а ние типуваме дека нема да загуби на меч со малку голови.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.74)