Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас ќе се сретнат во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во уште една епизода од нивното големо ривалство. Во директните дуели, Србинот води со 5-3 победи, со тоа што добил четири од последните пет средби против шпанскиот талент.
Алкарас сепак стигна до полуфиналето во Њујорк на импресивен начин, без да загуби ниту еден сет. Тоа го прави неговиот тренер и поранешен број еден во светот, Хуан Карлос Фереро, уверен дека Карлито е подготвен за нова голема битка.
„Карлос игра спектакуларно и со многу самодоверба, но не можам да кажам дека е фаворит. Новак ќе даде сè од себе, ќе биде многу тешко“, изјави Фереро.
Двајцата последен пат се сретнаа во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија, каде што Ѓоковиќ триумфира и покрај повредата со која се мачеше.
„Тоа беше болно поради начинот на којшто се развија настаните, но тука условите се различни. Во Австралија игравме навечер, топката отскокнуваше пониско и тоа му помагаше на Новак“, додаде тренерот на Шпанецот.
Фереро нагласи дека овојпат неговиот ученик нема да се потпира само на физичката подготовка.
„Психички, Карлос е посилен од кога било. На овој турнир покажува конзистентност и го реализира потенцијалот што секогаш сме го гледале во него.“