Сер Алекс Фергусон е човекот кој од Манчестер јунајтед направи светски гигант и екипа која освои сè што можеше да се освои. Црвените ѓаволи доминираа во негово време, а сега 83-годишниот Фергусон имал уникатна тактика.
Поранешниот голман на Манчестер јуанјтед, Бен Фостер, открива што требало да направат фудбалерите кои заминуваат на позајмица.
„Ги тераше фудбалерите да одат во кујната со готвачот и тој да ги научи како сами да приготват храна. Мораше да се увери дека кога ќе одите да живеете во стан, ќе бидете способни сами на себе да си зготвите храна, а не да јадете во ‘Мекдоналдс’“, вели Фостер.