Фергусон на клупата на Евертон во дуелот против Манчестер јунајтед

Данкан Фергусон ќе остане привремен менаџер на Евертон и на дуелот од следното коло во Премиер лигата. Тимот од Ливерпул на свој терен ќе го пречека Манчестер јунајтед, а без разлика на шпекулациите дека Карло Анчелоти може да дојде на чело на Евертон, Фергусон со сигурност ќе го предводи тимот против најтрофејниот англиски клуб.

Евертон лошо ја започна сезоната, па затоа мораше да си замине тренерот Марко Силва. Фергусон беше ставен како предводник за дуелот против Челзи и Евертон успеа да стигне до победа од 3:1.

На тој меч Евертон имаше 37 напади, најмногу сезонава, што е само показател дека Фергусон добро ја поставил играта. Сега пред стратегот е нов предизвик, а тоа е да се совлада Манчестер јунајтед, кој е во подем по победите над Манчестер сити и Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести