Телефонскиот разговор помеѓу Кристијано Роналдо и Сер Алекс Фергусон по кој Португалецот реши од Јувентус да се пресели во Манчестер јунајтед траел само 20 секунди, но и тоа било доволно за Ферги да го убеди Роналдо да не оди во Манчестер сити, со кого речиси беше договорен.
„Фудбалскиот татко на Роналдо“ неодамна призна дека немало да може да го гледа Кристијано во дресот на Сити и затоа лобирал и само со неколку збора го премислил Роналдо. Фергусон, кој од Роналдо направи светска ѕвезда, единствено нешто што му рекол на Португалецот било: „Не оди во Сити“.