-2.2 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Фермин ги навредуваше фановите на Реал, Мбапе побара од соиграчите да не прават почесна стража

Шпанските медиуми снимија два скандалозни моменти по завршувањето на синоќешното Ел Класико од Суперкупот на Шпанија, па многу се пишува и за тие снимки кои предизвикаа внимание. 

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопес, додека славеше прегрнат со Јамал и Касадо, на навивачите на Реал Мадрид им се обрати со зборовите: „Пушете го, ајде марш дома!“. Неговиот тимски колега ги „почести“ фановите со покажување среден прст. 

Од друга страна, фудбалерите на Реал не покажааа почит кон своите противници, по последниот свиреж на судијата тие отидоа директно на клупата, а тренерот Чаби Алонсо беше тој што ги замоли да се вратат на теренот.

Штом беа доделени медалите, играчите на Реал Мадрид си заминаа. Ѕвездата Килијан Мбапе беше тој што спречи формирање почесна стража. Камерите во живо го снимија Французинот како го изразува своето негодување, им кажува нешто на соиграчите, а потоа го напушта теренот, по што и тие ја следеа неговата постапка.

- Оглас -

Најнови вести