20.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Фермин и Гави се повредени, нема да играат ниту против ПСЖ во Лигата на шампионите

Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, и официјално соопшти дека Фермин Лопес и Гави се повредени и нема да бидат во комбинација за следните натпревари.

Фермин има мускулна повреда и нема да му биде на располагање на Ханси Флик во следните 20-тина дена, а тоа значи дека ќе ги пропушти првенствените натпревари против Овиедо, Реал Сосиедад и Севиља, но и мечот од Лигата на шампионите против ПСЖ. Од медицинскиот тим се надеваат дека тој ќе биде подготвен за настап против Жирона.

Гави има повреда на менискусот на десното колено, но не е објавено колкава пауза го очекува. Според медиумите во Шпанија, тој ќе отсуствува најмалку пет недели, а тоа значи дека неговото враќање се очекува да биде кон крајот на октомври или почетокот на ноември.

- Оглас -

Најнови вести