17.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Фермин: „Тука дојдов кога имав 12 години и го живеам сонот да играм за Барселона“

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопес, летово беше многу блиску да ја напушти Каталонија и да се пресели во Премиер лигата бидејќи за неговиот потпис притискаше Челзи, но неговата одлука беше да не ја менува клупската средина.

„Мојот приоритет отсекогаш била Барселона. Дојдов тука кога имав 12 години и сон ми беше да играм за првата екипа. Секогаш е убаво да се знае дека и другите екипи те посакуваат, но вистината е дека отсекогаш сакав да останам тука. Чувствувам љубов кон навивачите. Не е тоа само случај во претходната седмица. Мора да бидам благодарен на тоа што сметаат на мене како на важен дел од екипата“, рече Фермин Лопес за „Мундо депортиво“.

- Оглас -

Најнови вести