Манчестер јунајтед си купи ѓаволски добро засилување од Спортинг, а Бруно Фернандес игра маестрално за најтрофејниот англиски клуб.
И вечерва потврди дека е екстра класа фудбалер со два гола против Брајтон, предводејќи го тимот од Манчестер до победа од 3:0.
Португалецот сега има најдобар ефект во Премиер лигата според бројот на постигнати голови и асистенции на 13 меча што ги одигра за 20-кратниот англиски првак.
Бруно има постигнато шест гола и четирипати прецизно им асистираше на соиграчите за погодок, што е топ-ефект во силната англиска лига.
Вечерва со голови во 29-тата и во 50-тата минута го предводеше до победа Манчестер јунајтед против Брајтон, откако стрелец на водечкиот гол за Црвените ѓаволи беше Гринвуд по 16 минути игра.
WHAT A GOAL BY BRUNO FERNANDES!! 3-0 🔥🔥🔥🔥🔥🔥🔥 https://t.co/RYrr6CgRVo
— Alex (@GeniusMUFC) June 30, 2020