35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Дро Фернандес: „Пресреќен сум, играв за најдобриот клуб во светот“

Педро Фернандес или како што го нарекуваат Дро, на 17-годишна возраст дебитираше за Барселона на пријателскиот меч против Висел Кобе во победата од 3-1, а успеа и да постигне гол.

Тој доби шанса во 78-мата минута, кога влезе во игра на местото на Маркус Рашфорд, а само девет минути подоцна го постигна и својот деби гол.

„Морам да признам дека бев нервозен. Навистина сум среќен, мора да продолжиме во овој ритам. Ова беше првпат да играм за првата екипа на најдобриот клуб во светот. Соиграчите ми помогнаа да се смирам и сакам да се заблагодарам на довербата.“ – порача Дро Фернандес после мечот.

- Оглас -

Најнови вести