Аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандес, кој стана најскапото засилување во историјата на Премиер лигата бидејќи Челзи се согласи за него на Бенфика да ѝ плати 115 милиони фунти, уште сега им задава главоболки на навивачите.
Причина за тоа е одлуката на Аргентинецот до крајот на сезонава да настапува со два броја на својот грб, во две различни натпреварувања.
Имено, Фернандес одлучи да го земе бројот пет, кој буквално до вчера го носеше Жоржињо и со тој број ќе игра во Премиер лигата.
Но, во Лигата на шампионите, Аргентинецот ќе мора да игра со друг број на дресот бидејќи УЕФА не дозволува среде сезона менување на имињата на дресовите на фудбалерите и „петката“ ќе остане во сопственост на новиот играч на Арсенал, Жоржињо.