Фернандо Алонсо критукува: „Формула 1 станува првенство на батерии“

Формула 1 тимот Астон Мартин се соочува со сериозни проблеми на стартот од сезоната, што јасно се гледа и од резултатите.

Во критиките предничи двократниот светски шампион Фернандо Алонсо, кој не е задоволен од новите правила, особено од зголемената улога на електричната енергија.

„Стартовите се интересни. Како во Австралија така и во Кина, нашиот болид добро стартуваше. Вистина е дека во првиот круг сите имавме исто ниво на наполнетост на батериите.“

Сепак, Шпанецот смета дека трките сè повеќе се претвораат во натпревар во управување со батериите.

„А, потоа влегуваме во ова светско првенство во производство на батерии, каде што не сме толку добри како останатите“, изјави Алонсо.

- Оглас -

Најнови вести