Фернандо Алонсо останува во Астон Мартин до 2026 година

Двократниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо, ќе продолжи да се трка во болидот на Астон Мартин и во следните две сезони откако тимот денеска објави дека е потпишан нов договор со важност до крајот на 2026 година.

Ветеранот Алонсо се пресели во Астон Мартин од Алпин за 2023 година и двете страни уживаа во одличниот почеток на нивното партнерство со освојување на шест места на подиумот во првите осум трки од минатогодишната сезона.

Годинава не тргнаа толку добро, Астон Мартин е петти во поредокот на конструктори зад Ред Бул, Ферари, Мекларен и Мерцедес.

По објавата на трансферот на Луис Хамилтон во Ферари, имаше шпекулации дека испразнетото место во Мерцедес ќе го пополни Алонсо, но тоа нема да се случи.

Со 384 трки зад себе, Алонсо е најискусниот Формула 1 возач во историјата, годинава треба да стане првиот и со 400 трки во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести