Ферплеј-наградата треба да му припадне на Пепе од Порто, цела Португалија му аплаудира (Видео)

Фудбалерот на Порто, Бразилецот Едуардо Габриел Акино Коса, познат по прекарот Пепе, синоќа на мечот со Есторил покажа дека ферплејот е жив и има играчи кои го применуваат.

Пепе од левата страна тргна кон противничкиот 16-ник, а покрај него беше гостинскиот играч Педро Амарал, кој се повреди и падна на тревникот. Пепе имаше отворен пат кон голот, можеше и да додаде кон својот соиграч кој со спринт чекаше асистенција пред празниот гол, но наместо да тргне напред, кога го виде Амарал, Пепе само застана, не сакаше да ја искористи ситуацијата која му се укажа поради повреда на ривал.

- Оглас -

Најнови вести