Судијата Беноа Бастиен дури четирипати покажа на белата точка за време на натпреварот Манчестер јунајтед – Реал Сосиедад, а изведени беа три пенали, едниот беше поништен во 85-тата минута откако самиот фудбалер врз кој беше направен фаулот призна дека немало пенал.
Овој ферплеј потег го направи новакот во редовите на Црвените ѓаволи, Патрик Доргу, и тоа при резултат 2-1, додека гостите од Шпанија уште имаа шанси да се изборат за продолженија.
Менаџерот Рубен Аморим изјави дека е горд на својот играч, но додаде дека не знае дали би го кажал тоа ако Доргу вака изреагираше при резултат 0-0 или ако Манчестер јунајтед губел.