26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ферстапен беше брилијантен, ја прегази конкуренцијата во Австрија

Макс Ферстапен возеше брилијантно во Штаерска, за Големата награда на Австрија и забележа убедлива победа со што само го зголеми водството во Генералниот пласман.

Холанѓанецот и буквалоно леташе по патеката и ја прегази конкуренцијата. Зад него со големо засотанување од 35 секунди трката како втор ја заврши актуелниот шампион Луис Хамилтон, а трет е Валери Ботас, клупскиот колега на Хамилтон од Мерцедес.

Ферстапен ја забележа четвртата победа сезона, втора по ред и води во Генералниот поредок со 156 бода.

Хамилтон е втор со 138, а на прагот на стотката е Перес, кој денеска заврши како четвртопласиран и има вкупно 96 бода.

- Оглас -

Најнови вести