Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, дојде до својата 43-та пол-позиција во кариерата, откако беше најбрз во Џеда, на квалификациите за утрешната трка за ГН на Саудиска Арабија.
Вторпат сезонава во квалификациите победува холандскиот возач, а друштво во првиот ред ќе му прави возачот на Ферари, Чарлс Леклер. Од вториот ред ќе стартуваат Серхио Перес и Фернандо Алонсо.
https://twitter.com/F1/status/1766164200093553119