Макс Ферстапен ја забележа и петтата победа оваа сезона, откако славеше на трката во Остин за ГН на САД и ја намали предноста во однос на возачите на Мекларен, Пјастри и Норис.
Холандскиот возач на Ред Бул стартуваше од пол-позиција и во ниту еден момент не го испушти лидерското место, додека голема битка се водеше за втората позиција, која на крајот му припадна на Ландо Норис. Подиумот го комплетираше возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Во бодови завршија и Хамилтон, Пјастри, Расел, Цунода, Хулкенберг, Берман и Алонсо.
Ферстапен во саботата славеше и на спринт трката, за која доби осум бодови, па со овие 25 од главната трка, значително ја намали предноста на водечкиот двоец од Мекларен.