18.8 C
Skopje
понеделник, 4 август 2025

Ферстапен: Болидот на Ред Бул не е дизајниран според моите желби

Во Формула 1 веќе подолго време се шпекулира дека тимот на Ред Бул ги развива своите болиди според желбите и стилот на возење на Макс Ферстапен.

Овие тврдења се засноваат на фактот дека Холанѓанецот веќе четири сезони по ред е светски шампион, возејќи болиди кои се карактеризираат со агресивно управување.

Според мислењето на стручњаците, ваков тип болид бара рефлекси и контрола над просекот, дури и за светот на Формула 1. Поради тоа, многумина сметаат дека колегите на Ферстапен, како Серхио Перез и Лијам Лоусон, тешко доаѓаат до израз во вакви услови.

Сепак, и самиот Ферстапен се соочува со проблеми. На трката во Унгарија заврши на разочарувачкото деветтто место. Неговиот колега Јуки Цунода беше уште полош, заврши на 17-та позиција, додека Мекларен запиша нова доминантна „еден – два“ победа.

На прашањето дали болидот „RB21“ е развиен токму по негова мерка, Ферстапен кратко одговори:

„Развиен е за мене? Не мислам дека тоа е точно.“

Ред Бул сега заминува на летна пауза со многу прашалници и потреба за подобрување на болидот.

Ферстапен вели дека сите во тимот се активно вклучени во пронаоѓање решенија.
„Тоа е отворена дискусија. Секогаш има идеи што ги разгледуваме, но не можам да навлегувам во детали.“

За настапот во Унгарија беше видно фрустриран:


„Тешко е да се објасни. Ништо не функционираше овој викенд.“

- Оглас -

Најнови вести