Ферстапен четири трки по ред нема пол-позиција, Норис е фаворит и во Италија (Фото)

Формула 1 шампионатот продолжува со трката за ГН на Италија кој викендов се вози на легендарната патека, Монца. Денес на програмата се квалификациите, а актуелниот шампион, Макс Ферстапен, повторно не е фаворит. Холандскиот возач веќе четири трки нема освоено пол-позиција, а денес фаворит е Ландо Норис со квота од 2.60.

Веднаш после него е токму Ферстапен со квота од 3.10 и се чини дека битката за стартната позиција ќе водат токму овие двајца возачи. Според квотата трет фаворит е Пијастри со квота од 7.50, додека четврти е Леклер со 8.50. Останатите возачи имаат двоцифрена квота.

Макс Ферстапен доминираше на почетокот од сезонава со седум пол-позиции на седум трки, а на следните осум освои само една. Норис веќе дојде до три пол-позиции, додека Расел и Леклер имаат по две.

- Оглас -

Најнови вести