Ферстапен доминантен во Австрија, Хамилтон во проблем

Макс Ферстапен го зацврсти водството во генералниот пласман во Формула 1, откако пилотот на Ред Бул денеска триумфираше на трката за Големата награда на Австрија. Холанѓанецот ги израдува бројните фанови од неговата земја кои допатуваа да го бодрат.

Валтери Ботас го освои второто, а Ландо Норис третото место. Актуелниот првак Луис Хамилтон низ целта мина како четврти, па сега се наоѓа во ситуација во која одамна не бил, а тоа е да заостанува со повеќе од 20 поени разлика зад некој ривал.

Следната трка, 10-та сезонава (ќе има вкупно 23), се вози на Силверстоун во Велика Британија.

- Оглас -

Најнови вести