Ферстапен е шампион во Формула 1, но никогаш не бил вака понижен: Не можам да ти го дадам автомобилот, сè уште си мал

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, божиќните и новогодинешните празници одлучи да ги помине во Португалија заедно со семејството и пријателите, но доживеа вистинско понижување.

Ферстапен кој за најблиските роднини и пријатели изнајми дури три приватни авиони со кои слета во Алгарве, ја изнајми патеката „Алгарве“ и резервира дваесетина луксузни автомобили, но кога пристигна да ги земе, го дочека непријатно изненадување.

Од агенцијата за изнајмување автомобили „Сикст“ му објасниле дека Холанѓанецот не може да го преземе автомобилот Мерцедес АМГ ГТ иако бил слободен.

Причина за тоа е што полисата за осигурување за автомобилот кој вреди околу 250.000 евра, налага возачот кој управува со автомобилот да мора да има најмалку 30 години.
На Ферстапен кој има 27 години не му помогнало ниту тоа што во последните три сезони ја освојуваше титулата во Формула 1.

„Нашите вработени во Португалија само се придржувале до прописите кои ги има во полисата за осигурување на автомобилот. За да му излеземе во пресрет на Ферстапен, му дадовме друг врвен модел“, соопштија од агенцијата за изнајмување автомобили.

На крајот, Верстапен избрал на патеката да вози Бе-ем-ве серија 5.

- Оглас -

Најнови вести