33.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Ферстапен фрли пешкир на сред патека, а потоа објасни зошто го направил тоа

Денеска од 16 часот стартуваат квалификациите за Ф1 трката за Големата награда на Унгарија, а по вчерашните тренинзи, во фокусот на вниманието се најде четирикратниот светски првак Макс Ферстапен.

Холандскиот возач при излегувањето од четвртата кривина, од болидот фрли бел пешкир. Збунувачки делуваше овој потег на возачот, но потоа самиот Ферстапен даде објаснување за тоа што се случувало.

Пешкирот едноставно останал на неговиот болид додека бил во тимската гаража. По разгледување на овој „инцидент“, на Ферстапен му беше посочено во иднина повеќе да внимава.

„Тоа е само пешкир со кој го бришете лицето кога ќе влезете во боксот. Кога излегов на патеката, видов дека пешкирот е уште во болидот. Наместо случајно да заврши меѓу педалите за гас и кочница, што би било многу опасно, возев по идеална линија и се ослободив од него на најсигурен можен начин. Мислам дека судиите го сфатија тоа“, објасни Ферстапен, кој е најголем конкурент на Ослар Пјасти и Ландо Норис во борбата да се освои пол-позицијата на денешните квалификации.

 

- Оглас -

Најнови вести