Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Мексико пред најголемиот ривал за титулата Луис Хамилтон. Холанѓанецот водеше од самиот старт и успеа да победи, по што има 19 бода предност на четири трки до крајот на овој циклус во Формула 1.
https://twitter.com/F1/status/1457448412870291458?s=20
Серхио Перес забележа голем успех со освојување на третата позиција и тој е првиот Мексиканец во историјата што се искачил на подиум во трка што се одражала во Мексико.
Зад водечкото трио, трката ја завршија Пјер Гасли на четвртата позиција и Шарл Леклер, кој го освои петтото место.
Моментно Ферстапен е прв во Генерален пласман со 312,5 поени, пред Хамилтон со 293,5 поени. Тие двајца се единствените кандидати за титулата, а зад нив се Валтери Ботас со 185 поени, Перес со 165 и Ландо Норис, кој ја заокружува најдобрата петорка со 150 поени.
До крајот на сезоната ќе се вози во Бразил, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.