Ферстапен и да биде најбрз на денешните квалификации, в недела нема да биде на пол-позиција (Фото)

Актуелниот шампион и лидер во годинешниот генерален пласман во Формула 1, Макс Ферстапен, е фаворит за да има најдобро време на денешните квалификации на патеката „Спа Франкошамп“ во Белгија, но нема да стартува од пол-позиција.

Пилотот на Ред Бул ќе добие казна од 5 места затоа што го смени менувачот на неговиот болид, па трката во најдобар случај може да ја почне од шестото место.

Во тимот проценија дека сега е најдобро време да се направи ова и да се добие казната за смена на компоненти затоа што пистата има многу места каде што може да се престигнува. Лани Холанѓанецот на „Спа“ стартуваше дури од 14-тото место, а на крајот успеа да победи.
Ферстапен е во серија од 7 победи по ред. За денешните квалификации, убедливо прв фаворит е токму тој, со квота од 1.45, а за сите други дека ќе бидат најбрзи, квотите се двоцифрени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести