Холандскиот возач од Ред Бул, Макс Ферстапен, ќе тргне од пол-позицијата на неделната трка за ГН на Бразил. Друштво во првиот ред ќе му прави возачот на Ферари, Чарлс Леклер, кој ја освои втората позиција. Ова е разрешницата од квалификациите кои завршија четири минути порано од предвиденото поради најавите за големо невреме во Бразил.
⏪ The session ends early with a red flag as the heavens open #F1 #BrazilGP pic.twitter.com/rrRvQUccAf
— Formula 1 (@F1) November 3, 2023
Одлични квалификации имаа и двајцата возачи на Астон Мартин, кои ќе стартуваат од вториот ред, откако Строл заврши на третата позиција, додека Алонсо го освои четвртото место.
https://twitter.com/F1/status/1720520707740692587