Битката за титулата во Ф1 шампионатот меѓу Макс Ферстапен и Шарл Леклер продолжува денеска и тоа на патеката за Големата награда на Франција. По вчерашните квалификации, Ферари покажа дека има моќен билид, па Леклер беше најбрз со дури три десетинки подобро време од актуелниот првак Ферстапен кој ќе стартува како втор.
Сепак, ако се гледаат коефицинетите во Sport Life, Ферстапен е прв фаворит за победа, а тоа е поради фактот дека болидот на Ред Бул сезонава се покажа како многу посигурен од тој на Ферари кој знаеше да откаже. За сите останати возачи, шансите да победат се со двоцифрени коефициенти.
Во Sport Life има фантастична понуда од речиси 150 игри поврзани со денешната Ф1 трка. Може да одиграте и кој возач или кој тим ќе го има најбрзиот круг, кои возачи ќе бидат во Топ 3 на крајот.
Интересни се и игрите на дуел меѓу два возачи, односно кој ќе има подобар пласман, како и тоа кој прв ќе оди во боксот или кој прв ќе се откаже од трката.