Ферстапен или Норис на пол-позиција на Хунгароринг, секој друг исход би бил изненадување

Макс Ферстапен е главен кандидат за освојување на пол-позицијата на денешните квалификации на патеката Хунгароринг, каде утре ќе се вози Формула 1 трката за Големата награда на Унгарија.

Шампионот би требало да го победи конкурентите на квалификациите од 16 часот, а според квотите во Sport Life, главен ривал ќе му биде Ландо Норис. Пилотите на Ферари имаа добри времиња на првиот слободен тренинг вчера, па и тие може да изненадат, но вчера Шарл Леклер во втората сесија излета од патеката и се заби во заштитната ограда.

Тука се и опциите да типувате на пол-позиција и победа на утрешната трка, како и трилингот пол-позиција, победа на трката и најбрз круг.

- Оглас -

Најнови вести