Ферстапен им се насмеа на Мерцедес и Хамилтон: Тие секогаш се вакви „плачковци“

Новата сезона во Формула 1 почнува претстојниот викенд, а со тоа на големо се враќаат и мисловните игри меѓу двата големи ривали, Луис Хамилтон и Макс Ферстапен.

Откако Британецот се жалеше на болидот и најави дека немаат шанси да бидат меѓу најдобрите сезонава, следуваше интересен одговор од актуелниот првак.

„Мерцедес и Луис секогаш се вакви ‘плачковци’ пред почетокот на сезоната. Тие зборуваат и се жалат како сите други се подобри од нив.

И да имаат одлични резултати, тие само се жалат за да го оттргнат притисокот од нив, па кога ќе победат, да бидат зачудени како го сториле тоа. Така е веќе неколку сезони и веќе не им ‘палат’ тие финти“, изјави Ферстапен.

Првата од 23-те трки сезонава се вози викендов, каде што на програмата е трката за Големата награда на Бахреин.

- Оглас -

Најнови вести