Возачот на Ред Бул и актуелен првак во Формула 1, Макс Ферстапен, на трката за Големата награда на Бразил вечерва од 18 часот ќе стартува не од 16-тото место кое го освои на квалификациите, туку уште полошо, од боксот на Интерлагос.
Холанѓанецот доби нов мотор, поставките на автомобилот беа променети и тоа значеше казна за Ферстапен и тој ќе тргне од боксот, а кога ќе излезе на патеката ќе биде последен.
Тој е трет во генералниот пласман кај возачите во Формула 1 со 326 поени. Заостанува 39 поени зад лидерот Ландо Норис и 30 зад второпласираниот Оскар Пјастри (двајцата возачи на Мекларен). Макс ќе мора да биде многу агресивен и со нов мотор да се обиде да стигне до што подобра позиција за да остане со шанси за титулата.

