31.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Ферстапен имаше „идеален“ викенд во Баку, па го израмни рекордот на Луис Хамилтон

Макс Ферстапен имаше „идеален“ викенд во Баку и успеа да ја освои пол-позицијата, победи на главната трка и го имаше најбрзиот круг. Тројната победа, која во Формула 1 светот се нарекува и гранслем е вкупно шеста во неговата кариера и сега се израмни по бројот на вакви подвизи со Луис Хамилтон, кој беше рекордер кога се работи за активните возачи.

Историски најмногу вакви подвизи има Џим Кларк, кој во периодот од 1962 до 1965 година дури осумпати успеваше да дојде до тројна победа.

Ферстапен првпат дојде до гранслем во 2021 година, и тоа на трката за ГН на Австрија, кога победи во квалификациите, беше најбрз на главната трка и го имаше и најбрзиот круг.

Оваа сезона лидер во генералниот пласман е Оскар Пјастри со 324 бода, пред неговиот клупски колега Ландо Норис, кој има 299, а Ферстапен и покрај четирите победи е третопласиран со 255 поени.

Кај конструкторите неприкосновен е Мекларен со 623 поени.

- Оглас -

Најнови вести