Ферстапен: Му направив услуга на Мелбурн, искосив малку повеќе трева

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, утринава ја оствари 37-та победа во кариерата откако славеше на трката за Големата награда на Австрија која се возеше на патеката во Мелбурн. Ова беше прва победа на Фестапен во Австријалија.

„Имавме добар ритам и победивме. Тоа е најважно“, беа првите зборови на Ферстапен по триумфот.

Трката во Мелбурн ја одбележаа инциденти и прекини, првиот беше во деветтиот круг по излетувањето на возачот на Вилијамс, Александер Албон. Вториот прекин на трката беше на три круга пред крајот кога Кевин Магнусон од Хас, му отпадна гума. Ниту повторениот старт не можеше да помине без инциденти, па трката по трет пат беше прекината, по што возачите по дваесетминутна пауза го извозеа последниот круг зад безбедносното возило.

Ферстапен победи пред двајцата возачи на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел, а во 48-от круг кога имаше голема предност, за момент излета од патеката, но ниту тоа не го спречи да победи.

„Му направив услуга на градот и им искосив малку повеќе трева. Одлично е чувството да се победи тука, ова е моја прва победа во Мелбурн и многу сум среќен“, рече Ферстапен.

Ферстапен е лидер во генералниот пласман со 69 бода, додека неговиот клупски колега Серхио Перес е втор со 54, а трет е Фернандо Алонсо со 45 бода.
Следната трка ќе се вози на 30. април за Големата награда на Азербејџан.

- Оглас -

Најнови вести