Актуелниот Формула 1 шампион, Макс Ферстапен, најави дека можеби ќе се пензионира на крајот од тековниот договор со Ред бул, кој е со важност до 2028 година. Како причина ја истакна казната од ФИА, која предвидува општокорисна работа поради пцовки на прес-конференцијата пред трката за ГН на Сингапур.
Макс Ферстапен тогаш се правдаше дека користи сленг и дека англискиот јазик не му е мајчин, но и тоа не го спаси од казна.
„Оваа казна ќе ме натера да размислам за повлекување од Формула 1. Тука не можеш да бидеш свој, а за мене тоа е знак дека треба да размислувам за продолжување на кариерата. Формула 1 ќе продолжи да постои и без мене, а јас не сакам да бидам робот и да бидам цензуриран“, рече Ферстапен.