7.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Ферстапен најбрз на спринтот во Белгија

Макс Ферстапен, возачот на Ред Бул, стигна до победа на спринт трката за Големата награда на Белгија на патеката Спа-Франкошамп.

Актуелниот светски шампион водеше од самиот старт до целта, оставајќи ги зад себе двајцата возачи на Мекларен, Оскар Пјастри, кој го задржа второто место, и Ландо Норис, кој напредуваше за една позиција, престигнувајќи го Шарл Леклер од Ферари.

Со овој резултат, Холанѓанецот ја намали предноста во генералниот пласман зад лидерот Пјастри и второпласираниот Норис.

Квалификациите за главната трка ќе се одржат денес во 16 часот, додека трката е закажана за недела во 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести