Макс Ферстапен од Ред Бул беше најбрз на првиот тренинг за ГП на Азербејџан, која во недела ќе се вози на улиците на Баку. Најдоброто време на Холанѓанецот изнесуваше 1:42.315, што беше побрзо само за 0.037 од Чарлс Леклер од Ферари. Третопласиран беше клупскиот колега на Ферстапен од Ред Бул, Серџо Перес, со заостанување од 0.139.
https://twitter.com/F1/status/1651901000188411905?s=20
Тренингот беше прекинат на 15 минути поради пожарот кој изби во болидот на возачот на Алпин Ф1 тим, Пјер Гасли. Од екипата информираа дека проблем била хидрауликата на болидот.