Макс Ферстапен направи голем подвиг и успеа да победи на патеката во Силверстон токму на денот кога по бројот на настапи во Формула 1 го мина својот татко.
Холанѓанецот од Ред Бул возеше фантастично и иако тргна од четвртата позиција успеа да ги мине сите и да ја прекине доминацијата на Хамилтон на негов терен.
За Ферстапен ова е деветта победа во Формула 1 и прва во Силверстон, токму на денот кога во летечкиот циркус на Ф1 џсе славеше 70-годишен јубилеј.
Хамилтон заврши како втор и не успеа да си го подобри рекордот на патеката со осма победа. Британецот има 6 победи на последните 8 трки во Силверстон и е поразен само сега од Ферстапен и во 2018 година од Фетел.
На претходната трка што се возеше на истата патека победи Британецот во луда трка со многу проблеми кај сите пилоти со гумите, па Хамилтон со дупната гума и буквално едвај ја мина целта.
На третото место се пласираше неговиот колега од Мерцедес, Валери Ботас, а зад нив се Леклер и Албон во топ-5.