Ферстапен најдобар на хаотичната трка во Бразил, Алонсо во фото-финиш до подиум

Шампионот Макс Ферстапен славеше на хаотичната трка за Големата награда на Бразил која беше 20-та трка во Формула 1 шампионатот, додека Фернандо Алонсо во фото-финиш дојде до третото место.

Ферстапен водеше од првиот па се до последниот круг и уште еднаш потврди дека е доминантен сезонава остварувајќи ја 17-та победа сезонава.

https://twitter.com/i/status/1721250500383850697

Но, трката ќе се памети по дуелот на возачите на Астон Мартин и на Ред Бул, Фернандо Алонсо и Серхио Перес. На крајот, за 53 илјадити делови од секундата, третото место му припадна на Алонсо. Второто место го освои Ландо Норис од Мекларен.

Исто така, трката ја одбележаа и инцидентите, дури седуммина возачи не успеаја да извозат 71 круг на патеката Интерлагос, а возачот на Ферари, Шарл Леклер, во загревачкиот круг се удри во заштитната ограда по откажувањето на хидрауликата.

На стартот, уште на првиот свиок, Нико Хулкенберг се судри со Алекс Албон и двајцата возачи излетаа од патеката, а колатерална штета беа Даниел Рикиардо и Оскар Пјастри кои исто така ја завршија трката поради оштетувања на болидот.

Инцидентот на стартот може да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести