Ферстапен не ја разочара портокаловата публика, освои пол-позиција на домашен терен

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позиција на утрешната трка од Формула 1 шампионатот која ќе се вози на патеката Зандворт во неговата Холандија.

Трибините беа преполни со навивачи облечени во портокалова боја, сите му даваа поддршка на Макс, а шампионот им возврати со најбрз извозен круг, кој му овозможува да тргне прв на утрешната трка.

На второто и третото место се пилотите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс,  кои имаа мали заостанувања, додека од четврта позиција ќе стартува Луис Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести