Трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1 која попладнево од 16 часот ќе се вози на легендарната патека Силверстоун, може да биде многу интересна, но во секој случај се знае кој е фаворит за победа.
На патеката има повеќе места каде што може да се претекнува, дополнителен шмек може да внесе ако евентуално заврне дожд, а и вчерашните изненадувачки резултати на пилотите на Мекларен кои беа малку побрзи од Ферари и Мерцедес, најавуваат жестока битка барем за второто место, ако за триумфот прв пик е Макс Ферстапен со неговиот болид на Ред Бул.
Во обложувалниците Sport Life имате огромна разновидна понуда од игри посветени на трката. Освен на победник на трката, може да се обложите и на тоа кој пилот ќе има најбрз круг, од кој тим ќе биде болидот со најбрз круг, од кој стартен ред ќе биде победникот, а тука се и дуелите на двајца пилоти за кои треба да погодите кој од нив ќе има подобар пласман.
Интересни опции се и кој прв ќе влезе во бокс, кој прв ќе се откаже од трката, од кој тим ќе биде победникот, дали некој ќе биде меѓу првите тројца на крајот, дали од некој тим двата болиди ќе ја завршат трката.