Ферстапен: Победа во Монца е сон на секој Ф1 возач

Викендов во Формула 1 шампионатот на програмата е можеби и најдолгоочекуваната трка во календарот.

Станува збор за легендарната Монца, која што од денеска па се до недела ќе дочека над 300 илјади фанови, а секако главниот настан ќе биде во недела кога е закажана и трката.

„Сон на секој Формула 1 возач е да победи на Монца и секој што ќе ви го негира тоа, тогаш тој лаже. Навистина сме во добра форма, болидот е во одлична состојба и јас се чувствувам добро, па затоа се надевам на добар резултат.

Ако минатата недела фановите ми беа најголема поддршка, сега знам дека тие ќе бидат мој голем противник бидејќи овде ќе доминира црвената боја, но јас сум подготвен за предизвикот и со нетрпение ја очекувам трката“ изјави Макс Ферстапен.

Актуелниот првак има одлична сезона зад себе и во моментов има 310 поени, односно дури 109 повеќе од второпласираниот Шарл Леклер.

- Оглас -

Најнови вести