Макс Ферстапен победи на спринтот во должина од 103.1 километри и со тоа ќе стартува од првото место на утрешната трка на Имола, за големата награда на Емилија Ромања, на легендарната патека „Енцо и Дино Ферари“.
Холанѓанецот финишираше пред Шарл Леклерк од Ферари кој ќе тргне од местото под број два, додека трет е вториот возач на Ред Бул Серхио Перез.
Луис Хамилтон, пак, е имаше нов разочарувачки настап и ќе тргне од 14 позиција а за споредба, најлошиот тим од минатата сезона, Хас со неговите возачи Кевин Магнусен и Мик Шумахер ќе стартуваат од шестото, односно 10-то место.
Утрешната трка е со почеток од 15 часот.