Актуелниот првак во Формула 1, Макс Ферстапен е победник на втората трка во новата сезона, а во Џеда за Големата Награда на Саудиска Арабија потврди зошто е шампион.
Во финишот на трката Холанѓанецот успеа да го претрка дотогаш водечкиот Шарл Леклер и прв да мине низ целта.
Леклер победи на првата трка во Бахреин, но не успеа во самиот финиш да го одбие нападот на Ферстапен и да забележи и втор триумф.
Трката беше кусо и прекината по инцидентот на Латифи во 17. круг. Канаѓанецот се заби во ѕид, но за среќа мина без повреди.
Ќар имаа Леклер и Ферстапен кои тргнаа во продолжение на трката од двете водечки пзоиции, а на крајот подобар беше актуелниот шампион.
Трет трката ја заврши Карлос Саинц, а зад него се Перес и Расел во Топ-5.