10.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Ферстапен покажа зошто е шампион, сега е прв фаворит за победа на ГН на САД

Актуелниот формула 1 шампиони Макс Ферстапен беше најбрз во квалификациите на патеката во Остин, на трката за големата награда на САД. Ферстапен беше фантастичен во последниот трет квалификациски дел и доволно му беше да извози само еден круг, за да стигне до време кое ќе биде недостижно за останатите.

На крајот, покрај Ферстапен од второто место ќе стартува Ландо Норис, а потоа следуваат Шарл Леклер и Ландо Норис. Интересно е дека Норис кој сега ќе стартува од четвртото место, лани победи на трката, откако во квалификациите започан од четвртата позиција.

Во квалификациите потоа следуваат Луис Хамилтон на петото место и Оскар Пјастри кој е шестопласиран што се негови најлоши квалификации сезонава.

Во генерален пласман Пјастри е лидер со 336 бодови пред клупскиот колега Норис со 314 бодови, а трет е Ферстапен со 273 бодови. Холанѓанецот едноставно не се предава и останува во трката за шампионскиот примар.

- Оглас -

Најнови вести