Ферстапен првпат до пол-позицијата во Мелбурн

Холандскиот возач на Ред Бул, Макс Ферстапен, ќе стартува од пол-позицијата на Големата награда на Австралија во Мелбурн. Актуелниот светски шампион до победата во квалификациите стигна со време од 1:16.732 за прва пол-позиција во кариерата во Мелбурн.

Од првиот ред ќе стартува и возачот на Мерцедес, Расел, додека од третата позиција ќе тргне Луис Хамилтон. Од вториот ред ќе тргне и Фернандо Алонсо кој го освои четвртото место.Следуваат Сајнц, Строл, Леклер, Албон …

Најголемо разочарување во квалификациите е клупскиот колега на Ферстапен од Ред Бул, Серџо Перез кој направи грешка уште во првиот дел и излета од патеката и затоа ќе стартува од последната позиција.

Трката за Големата награда на Австралија ќе се одржи утре во 7 часот изутрина.

- Оглас -

Најнови вести