Пилотот на Формула 1 тимот Ред Бул рејсинг, младиот Холанѓанец Макс Ферстапен, пред квалификациите за Гран-при трката во Германија на патеката Хокенхајм, рече дека неговиот тим е посилен и поорганизиран од тој на Ферари.
Табелата кај конструкторите покажува дека после 10 трки Ферари го држи второто место зад Мерцедес и има предност од 52 бода пред Ред Бул, но Ферстапен е убеден во своето мислење, можеби затоа што тој е единствен победник на трка сезонава, а да не е пилот на Мерцедес.
„Ги имаме вистинските луѓе на вистинските позиции. Кај нас сите работи се подобро организирани, особено во стресните моменти, отколку во Ферари. Се движиме во правилен правец. Не сме посилни во моментов, за да бидеме, треба да сме две или три десетинки од секундата побрзи од сега”, вели Холанѓанецот.
Според квотите во Sport Life, фаворит за освојување на пол-позицијата има Луис Хамилтон пред Валтери Ботас и Шарл Леклер, а исти шанси им се даваат и на Себастијан Фетел и Ферстапен.