Ферстапен самоуверен: И со болид на Мекларен или Ферари ќе бев шампион годинава

Холандскиот Формула 1 пилот и од вчера четирикратен светски првак, Макс Ферстапен, даде храбра изјава дека ќе ја освоел титулата во 2024 година дури и како возач на Мекларен или Ферари.

Ферстапен смета дека неговата доминација е резултат на постојаноста и исклучително доброто управување со трките и доказ за неговата лична класа, а не само за технолошката супериорност на неговиот тим.

Макс рече дека неговиот успех е голем затоа што немал најбрз болид на 70% од трките сезонава.

„Да, ќе освоев титула и со Мекларен и уште порано. Горе-долу тоа би било и со Ферари. Со Мерцедес не, со нивниот болид ќе беше покомплицирано да се стане првак“, изјави Холанѓанецот во интервјуто по обезбедувањето на титулата.

- Оглас -

Најнови вести