Холандскиот Формула 1 пилот и шампион веќе три години по ред, Макс Ферстапен, можеби е најдоминантен во својот тркачки спорт, но уште е млад за да добие на наем автомобил Мерцедес АМГ ГТ, кој може да развие брзина до 312 км/ч.
Иако холандскиот пилот е навикнат да вози со многу голема брзина на пистите, болидот на Ред Бул го вози и со поголема брзина од 312 километри на час, но една Рент-а-кар компанија 26-годишниот Макс го третира како многу млад за да го вози автомобилот што го барал.
Ферстапен со пријатели заминал на одмор во Португалија и барале да изнајмат автомобили, но бил шокиран на аеродромот кога одбиле да му го дадат бараниот Мерцедес.
Од фирмата објасниле дека овој модел на Мерцедес смее да го возат само луѓе кои имаат наполнето 30 години. Ако би му го дале на Ферстапен, би се нарушиле условите во осигурителната полиса. Така, Формула 1 шампионот морал да се задоволи со помалку моќниот автомобил BMW 5.