Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, дојде до пол-позицијата на легендарната патека во Монца, во квалификациите за ГН на Италија. Холандскиот возач ги изненади пилотите на Мекларен и заврши пред нив, но дури по завршувањето на квалификациите дозна дека постигнал историски резултат.
Победничкото време во квалификациите гласеше 1:18.792 што е најбриозт круг во историјата на оваа патека, надминувајќи го рекордот на Луис Хамилтон од 2020 година, кој имаше време од 1:18.887.
Она што е интересно, рекордот на Хамилтон прво беше срушен од Ландо Норис, кој на момент беше лидер во квалификациите, но потоа Ферстапен дојде до недостижен рекорд.
Воедно, Ферстапен сега е рекордер и по најголемата просечна брзина на Монца, 264.681 километри на час.