Ферстапен со пол-позиција на Сузука, Цунода им направи ќеиф на Јапонците

Тимските колеги од Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перес, ќе стартуваат од првиот ред на утрешната Формула 1 трка за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука.

Шампионот беше најбрз утрово и ќе биде на пол-позиција, а единствен кој беше барем блиску до него беше Перес. Трето најдобро време имаше Ландо Норис од Мекларен, а четврти и петти се Шпанците Саинс од Ферари односно Алонсо од Астон Мартин.

Во топ 10 влезе и Јапонецот Јуки Цунода кој ја израдува домашната публика.

 

- Оглас -

Најнови вести