Ферстапен со уште едно шампионско возење до победа на трката во Катар

Макс Ферстапен уште еднаш покажа зошто е најдобар возач во Ф1 шампионатот, откако победи на трката за Големата награда на Катар. Холанѓанецот кој минатиот викенд ја потврди четвртата титула во Ф1 првенството, денеска имаше одлична трка и заслужено стигна до деветиот триумф сезонава, а вкупно 63-та во кариерата.

Актуелниот шампион стартуваше од второто место, но со одличен почеток изби на чело и потоа покажа сила и не им дозволи на противниците да се понадеваат дека може да го загрозат. трката имаше неколку прекини кога моаше да интервенира и безбедносното возило, а Ферстапен и во повторените стартови беше одличен и постојано беше на првото место.

Зад победникот на оваа трка во Катар се пласираа Леклер кој заостана нешто повеќе од шест секунди, а потоа следуваат Пјати, Расел, Гасли, Саинц, Алонсо, Жу, Магнусен…

Ако се знае дека Ферстапен е старо-новиот шампион во Ф1, до крајот на првенството останува борбата за шампионската позиција кај конструкторите.

- Оглас -

Најнови вести